Monday, December 28, 2009

Складирање на храната

Новогодишните празници подразбираат трпеза богата со вкусна храна. Многу храна. Го преполнувате фрижидерот со храна, за секој случај, да ви се најде доколку ви дојдат ненајавени гости.

Како да ја складирате и одржите свежа сета таа храна во фрижидерот?

Со изнаоѓање на оптималното место за различни продукти – месо, млечни производи, риба, овошје и зеленчук, на пример, не само што ќе го продолжите нивното траење, туку и ќе овозможите тие подолго да ги зачуваат хранливите материи и витамините, без да морате толку често да ги препакувате.

Исто така, треба да бидете и внимателни околу замрзнувањето и одмрзнувањето на остатоците од храната по празниците. Повеќето микроорганизми остануваат живи и во замрзнатата храна, па со храната мора да се постапува безбедно, како пред замрзнувањето, така и откако еднаш веќе ќе се одмрзне.

Подолу следуваат совети од Електролукс и насоки за безбедно складирање, замрзнување и одмрзнување на храната.


Водич за чување на храната

Веќе приготвената (сварена) храна која е спремна за консумирање треба да се чува на горната полица од фрижидерот, која ја следат рибата, месото, па живината на дното.

Живината складирајте ја во фрижидерот веднаш штом сте ја донеле од продавница. Измијте ги рацете пред и после ракувањето со неа.

Сировата живина и месо треба да се чуваат во запечатени садови на најдолната полица, за да се спречи вкрстена контаминација.

Сировата и зготвената храна треба да се чуваат одвоено, за да се намали ризикот од контаминација. Готвената храна чувајте ја најгоре, а свежата (сировата) најдолу во фрижидерот. Одвоеното складирање е особено препорачливо кога се работи за месо или риба.

Зготвената храна чувајте ја покриена, на температура меѓу 0˚C-5˚C, за да го спречите развивањето на бактериите.

Топлата храна во фрижидерот ќе ја промени внатрешната температура, затоа подобро почекајте да се олади пред да ја складирате, и изедете ја во рок од два дена.

Овошјето, зеленчукот и салатите треба да се чуваат одвоено, во најтоплиот дел од фрижидерот, препорачливо во фиоките на дното.

Избегнете ги силните мириси со помош на херметичко запечатување на храната. Тоа исто така ќе го спречи губењето на влажноста, и ќе помогне храната подолго да остане свежа.

Млечните производи лесно апсорбираат мириси, и затоа треба да се чуваат одвоени.

Покривањето на храна подложна на скиселување (домати, зелка, меко овошје) со алуминиумска фолија може да влијае на вкусот.

Ако не сакате јајцата да ги чувате во одделот предвиден за тоа, еднакво ефикасно е чувањето во кутијата во која сте ги купиле. Не заборавајте помалиот (потесниот) крај од јајцето треба да е надолу.

Фрижидерите кои имаат зони со контролирано ладење ја задржуваат храната свежа подолго од обичниот фрижидер.

Продуктите богати со протеини (на пример месо или риба) може да се чуваат и до три пати подолго, задржувајќи ги витамините и минералите, доколку се складирани во зоната за одржување на свежината.

Во Long Fresh 0˚C зоната може да се чуваат млекото, говедското месо и дивечот до седум, рибата до четири, а марулата, сливите и грозјето дури и до 21 ден.

No comments:

Post a Comment