Само неколку дена до Нова Година. Возбудата расте, правиш големи планови за незаборавни моменти и луда забава во најлудата ноќ од годината! Спремаш нов и специјален новогодишен look, правиш сценарија и се надеваш дека “ќе ти се посреќи” вечерта... Арно ама, лудата журка подразбира и многу флеки врз новата “празнична” облека: вино, пиво, торта, восок од свеќи, кармин...Зависи од сценариото и колку стварно ти се посреќило.Секако, во текот на вечерта, или кога ќе се прибереш дома, сигурно нема ни да ги забележиш. Ама кога следниот ден добро ќе се наспиеш и одмориш, и ќе ги забележиш остатоците од лудата журка по твојата облека – прво ќе се се чудиш од каде дошле, ќе се обидуваш да се сетиш на текот на настаните.... Се додека не те искараат по дома за честите флеки ем луди журки (нели, најчесто идат заедно): До кога вака?!
Е па, за да флеките не ти останат долг спомен на најлудата ноќ, ем за да не ве караат по дома, еве неколку корисни совети и трикови од Електролукс за тоа како твојата облека да ги преживее дамките од добра журка.
Пиво: Протриј ги флеките од пиво со раствор од 1/5 киселина (оцет) и 4/5 вода, предходно растворени во сад. Старите (тврдокорните) дамки се чистат со употреба на мешавина од алкохол и вода.
Црвено вино: Исчисти ја флеката со денатуриран алкохол, а потоа помини ги со неколку капки киселина (оцет) со што ќе ја задржиш правата боја од облеката.Бело вино: Помини ја флеката со ладна вода, а потоа испрскај ја со разреден детергент за садови, после продолжи со перење на парчето облека на вообичаениот начин.
Гума за џвакање: Употреби мраз за да ја замрзнеш флеката од мастика за џвакање или од восок - стави ја облеката во замрзнувачот во пластична кеса. Откако ќе се замрзне, изгреби ја стврднатата површина колку што можеш повеќе. Потоа отстрани го остатокот од мастиката со отстранувач за масни дамки или со минерален раствор, и исплакни го со изопропил алкохол.
Восок од свеќи: Изгребеи го восокот, а после “испеглај го”. Стави лист хартија на флеката и кујнско пешкирче на внатрешната страна. Испеглај го парчето облека на млака температура - со тоа восокот ќе се растопи и ќе се апсорбира во хартијата.
Кармин: Истриј ја флеката со вазелин, а потоа раствори ја во алкохол. После оваа постапка регуларното перење би требало успешно да ја финишира работата.Сладолед: Потопи го парчето облека во раствор од глицерин и минерална вода.
Трева: На местото со флека нанеси раствор од млечна киселина, вода и алкохол, па дури потоа стави го за перење. За перење на белите алишта употреби и прашок (средство) за белење.
Кал: Истругај поголем дел од флеката пред да го потопиш парчето облека во топла вода со детергент за алишта. Потоа исплакни го местото со киселина или супероксид доколку е потребно.
Пренеси ја новонаучената “мудрост” на твоите пријатели, така што секој ќе може да си го сочува омиленото парче на облека!!!
А до тогаш – Електролукс ти пожелува најлуда новогодишна ноќ и добра журка!
No comments:
Post a Comment