Згответе го зеленчукот на пареа и брзо оладете го во ладна вода пред да го замрзнете. Ова ги уништува ензимите кои можат да им наштетат на вкусот, хранливите материи и текстурата.
Препакувајте го месото купено во пиљара или месарница пред да го замрзнете. Најдобро да го ставите месото во најлонска кеса која добро се затвора.
Замрзнете ја храната најбрзо што можете, за да избегнете создавање на кристали што може да ја оштетат храната.Замотајте го месото и рибата во големина на порции (чинии) за подоцна за ја одмрзнете само потребната количина.
Замрзнете ја храната кога е најквалитетна, а не на крајот, за да се задржи вкусот.
Никогаш не го користете замрзнувачот за да оладите топла храна. Тоа ќе ја зголеми температурата на останатите продукти во замрзнувачот. Затоа секогаш прво оладете ја храната пред да ја замрзнете.
Храната е безбедно да се чува замрзната од 3 до 12 месеци, зависно од видот на храната и капацитетот на замрзнувачот. Храната која содржи повеќе масти обично е поосетлива.
Осигурајте се дека воздухот може слободно да циркулира меѓу одделните делови на храната. Рамните, тесни пакувања на храна се замрзнуваат побрзо отколку големите, округли пакувања.
Совети за одмрзнување на храната
Никогаш не ја одмрзнувајте храната надвор од кујната, на шанкот или на работната површина. Тие места се обично преполни со бактерии.
Одмрзнувањето во микробранова е најбезбедно. Храната најбрзо се одмрзнува, и нема доволно време за раст на бактериите.
Одмрзнатото месо треба да се чува на најдолната полица во фрижидерот, каде температурата е најниска.
Топењето во студена вода е побрзо од топењето во фрижидерот, но тоа пак бара повеќе внимание. Храната мора да е во пакување кое не протекува за да ги спречи бактериите да навлезат во храната. Месото може да апсорбира вода како сунѓер. Менувајте ја водата на секои 30 минути. Никогаш не одмрзнувајте храна во жешка вода.



