Monday, December 28, 2009

Совети за замрзнување и одмрзнување

Замрзнување на храната

Згответе го зеленчукот на пареа и брзо оладете го во ладна вода пред да го замрзнете. Ова ги уништува ензимите кои можат да им наштетат на вкусот, хранливите материи и текстурата.

Препакувајте го месото купено во пиљара или месарница пред да го замрзнете. Најдобро да го ставите месото во најлонска кеса која добро се затвора.

Замрзнете ја храната најбрзо што можете, за да избегнете создавање на кристали што може да ја оштетат храната.

Замотајте го месото и рибата во големина на порции (чинии) за подоцна за ја одмрзнете само потребната количина.

Замрзнете ја храната кога е најквалитетна, а не на крајот, за да се задржи вкусот.

Никогаш не го користете замрзнувачот за да оладите топла храна. Тоа ќе ја зголеми температурата на останатите продукти во замрзнувачот. Затоа секогаш прво оладете ја храната пред да ја замрзнете.

Храната е безбедно да се чува замрзната од 3 до 12 месеци, зависно од видот на храната и капацитетот на замрзнувачот. Храната која содржи повеќе масти обично е поосетлива.

Осигурајте се дека воздухот може слободно да циркулира меѓу одделните делови на храната. Рамните, тесни пакувања на храна се замрзнуваат побрзо отколку големите, округли пакувања.

Совети за одмрзнување на храната

Никогаш не ја одмрзнувајте храната надвор од кујната, на шанкот или на работната површина. Тие места се обично преполни со бактерии.

Одмрзнувањето во микробранова е најбезбедно. Храната најбрзо се одмрзнува, и нема доволно време за раст на бактериите.

Одмрзнатото месо треба да се чува на најдолната полица во фрижидерот, каде температурата е најниска.

Топењето во студена вода е побрзо од топењето во фрижидерот, но тоа пак бара повеќе внимание. Храната мора да е во пакување кое не протекува за да ги спречи бактериите да навлезат во храната. Месото може да апсорбира вода како сунѓер. Менувајте ја водата на секои 30 минути. Никогаш не одмрзнувајте храна во жешка вода.

Потсетник за чување на свежа храна

Чувајте ја свежата храна во затворени контејнери (садови) за да спречите ширење на миризбата.

Оставете ги остатоците од храна да се изладат пред да ги ставите во фрижидер.

Фрижидерот редовно чистете го со специјален детергент наменет за тоа.

Ладниот воздух подобро циркулира доколку полиците не се претрупани.

Секогаш покривајте ја свежата храна пред да ја ставите во фрижидерот.

Обидете се да не ја оставате свежата храна надвор од фрижидерот повеќе од два часа.

Оптимално време за одржување на храната свежа во фрижидерот

Месо и риба:
Свежа риба = 12 часа
Свежа живина и парчиња сирово месо = 2 дена
Коски и колбаси = 3 дена
Зготвено месо, касероли, супи и чорби = 2 дена

Зеленчук и овошје:
Меко овошје = 1-2 дена
Листови од салата = 2-3 дена
Зелен зеленчук = 3-4 дена
Тврдо овошје = 3-7 дена

Млеко и млечни производи:
Сирење = 2-3 дена
Млеко = 4-5 дена
Тврди сирења = 1 недела

Складирање на храната

Новогодишните празници подразбираат трпеза богата со вкусна храна. Многу храна. Го преполнувате фрижидерот со храна, за секој случај, да ви се најде доколку ви дојдат ненајавени гости.

Како да ја складирате и одржите свежа сета таа храна во фрижидерот?

Со изнаоѓање на оптималното место за различни продукти – месо, млечни производи, риба, овошје и зеленчук, на пример, не само што ќе го продолжите нивното траење, туку и ќе овозможите тие подолго да ги зачуваат хранливите материи и витамините, без да морате толку често да ги препакувате.

Исто така, треба да бидете и внимателни околу замрзнувањето и одмрзнувањето на остатоците од храната по празниците. Повеќето микроорганизми остануваат живи и во замрзнатата храна, па со храната мора да се постапува безбедно, како пред замрзнувањето, така и откако еднаш веќе ќе се одмрзне.

Подолу следуваат совети од Електролукс и насоки за безбедно складирање, замрзнување и одмрзнување на храната.


Водич за чување на храната

Веќе приготвената (сварена) храна која е спремна за консумирање треба да се чува на горната полица од фрижидерот, која ја следат рибата, месото, па живината на дното.

Живината складирајте ја во фрижидерот веднаш штом сте ја донеле од продавница. Измијте ги рацете пред и после ракувањето со неа.

Сировата живина и месо треба да се чуваат во запечатени садови на најдолната полица, за да се спречи вкрстена контаминација.

Сировата и зготвената храна треба да се чуваат одвоено, за да се намали ризикот од контаминација. Готвената храна чувајте ја најгоре, а свежата (сировата) најдолу во фрижидерот. Одвоеното складирање е особено препорачливо кога се работи за месо или риба.

Зготвената храна чувајте ја покриена, на температура меѓу 0˚C-5˚C, за да го спречите развивањето на бактериите.

Топлата храна во фрижидерот ќе ја промени внатрешната температура, затоа подобро почекајте да се олади пред да ја складирате, и изедете ја во рок од два дена.

Овошјето, зеленчукот и салатите треба да се чуваат одвоено, во најтоплиот дел од фрижидерот, препорачливо во фиоките на дното.

Избегнете ги силните мириси со помош на херметичко запечатување на храната. Тоа исто така ќе го спречи губењето на влажноста, и ќе помогне храната подолго да остане свежа.

Млечните производи лесно апсорбираат мириси, и затоа треба да се чуваат одвоени.

Покривањето на храна подложна на скиселување (домати, зелка, меко овошје) со алуминиумска фолија може да влијае на вкусот.

Ако не сакате јајцата да ги чувате во одделот предвиден за тоа, еднакво ефикасно е чувањето во кутијата во која сте ги купиле. Не заборавајте помалиот (потесниот) крај од јајцето треба да е надолу.

Фрижидерите кои имаат зони со контролирано ладење ја задржуваат храната свежа подолго од обичниот фрижидер.

Продуктите богати со протеини (на пример месо или риба) може да се чуваат и до три пати подолго, задржувајќи ги витамините и минералите, доколку се складирани во зоната за одржување на свежината.

Во Long Fresh 0˚C зоната може да се чуваат млекото, говедското месо и дивечот до седум, рибата до четири, а марулата, сливите и грозјето дури и до 21 ден.

Журка без флеки

Само неколку дена до Нова Година. Возбудата расте, правиш големи планови за незаборавни моменти и луда забава во најлудата ноќ од годината! Спремаш нов и специјален новогодишен look, правиш сценарија и се надеваш дека “ќе ти се посреќи” вечерта... Арно ама, лудата журка подразбира и многу флеки врз новата “празнична” облека: вино, пиво, торта, восок од свеќи, кармин...Зависи од сценариото и колку стварно ти се посреќило.

Секако, во текот на вечерта, или кога ќе се прибереш дома, сигурно нема ни да ги забележиш. Ама кога следниот ден добро ќе се наспиеш и одмориш, и ќе ги забележиш остатоците од лудата журка по твојата облека – прво ќе се се чудиш од каде дошле, ќе се обидуваш да се сетиш на текот на настаните.... Се додека не те искараат по дома за честите флеки ем луди журки (нели, најчесто идат заедно): До кога вака?!

Е па, за да флеките не ти останат долг спомен на најлудата ноќ, ем за да не ве караат по дома, еве неколку корисни совети и трикови од Електролукс за тоа како твојата облека да ги преживее дамките од добра журка.

Пиво: Протриј ги флеките од пиво со раствор од 1/5 киселина (оцет) и 4/5 вода, предходно растворени во сад. Старите (тврдокорните) дамки се чистат со употреба на мешавина од алкохол и вода.

Црвено вино: Исчисти ја флеката со денатуриран алкохол, а потоа помини ги со неколку капки киселина (оцет) со што ќе ја задржиш правата боја од облеката.

Бело вино: Помини ја флеката со ладна вода, а потоа испрскај ја со разреден детергент за садови, после продолжи со перење на парчето облека на вообичаениот начин.

Гума за џвакање: Употреби мраз за да ја замрзнеш флеката од мастика за џвакање или од восок - стави ја облеката во замрзнувачот во пластична кеса. Откако ќе се замрзне, изгреби ја стврднатата површина колку што можеш повеќе. Потоа отстрани го остатокот од мастиката со отстранувач за масни дамки или со минерален раствор, и исплакни го со изопропил алкохол.

Восок од свеќи: Изгребеи го восокот, а после “испеглај го”. Стави лист хартија на флеката и кујнско пешкирче на внатрешната страна. Испеглај го парчето облека на млака температура - со тоа восокот ќе се растопи и ќе се апсорбира во хартијата.

Кармин: Истриј ја флеката со вазелин, а потоа раствори ја во алкохол. После оваа постапка регуларното перење би требало успешно да ја финишира работата.

Сладолед: Потопи го парчето облека во раствор од глицерин и минерална вода.

Трева: На местото со флека нанеси раствор од млечна киселина, вода и алкохол, па дури потоа стави го за перење. За перење на белите алишта употреби и прашок (средство) за белење.

Кал: Истругај поголем дел од флеката пред да го потопиш парчето облека во топла вода со детергент за алишта. Потоа исплакни го местото со киселина или супероксид доколку е потребно.

Пренеси ја новонаучената “мудрост” на твоите пријатели, така што секој ќе може да си го сочува омиленото парче на облека!!!

А до тогаш – Електролукс ти пожелува најлуда новогодишна ноќ и добра журка!