Thursday, April 8, 2010

Перење детски играчки

Одржувањето на хигиената на играчките на вашето дете е навистина важно, зошто во нив многу често се кријат разни бактерии, микроорганизми или алегрени супстанци. Микроопрганизмите можат да предизвикаат алергиски реакции дури и кога се веќе изумрени, а истражувањата покажуваат дека преку 40% од Европјаните патат од некаков вид алергија на домашна прашина.


Но редовното одржување на чистотата на играчките не е секогаш едноставно. При изборот на играчки за вашето дете, внимавајте тие да можат да се перат. Плишаните играчки најчесто можат да се перат во машина за перење алишта, на температура од 40° степени.

Но доколку омилената играчка на вашето дете не може да се пере, еве еден едноставен но многу згоден трик од Електролукс, кој ќе помогне да се уништат бактериите. Завиткајте ја играчката во пластична (најлонска) кеса и ставете ја во замрзнувачот. Нека остане таму најмалку 24 часа. Потоа извадете ја и исчистете ја со жешка крпа за да се отстранат изумрените микроорганизми.

Запомнете, микроорганизмите можат да се уништат како на висока, така и на ниска температура.