
Но редовното одржување на чистотата на играчките не е секогаш едноставно. При изборот на играчки за вашето дете, внимавајте тие да можат да се перат. Плишаните играчки најчесто можат да се перат во машина за перење алишта, на температура од 40° степени.
Но доколку омилената играчка на вашето дете не може да се пере, еве еден едноставен но многу згоден трик од Електролукс, кој ќе помогне да се уништат бактериите. Завиткајте ја играчката во пластична (најлонска) кеса и ставете ја во замрзнувачот. Нека остане таму најмалку 24 часа. Потоа извадете ја и исчистете ја со жешка крпа за да се отстранат изумрените микроорганизми.
Запомнете, микроорганизмите можат да се уништат како на висока, така и на ниска температура.